Tuesday, December 17, 2013

Природни и законски права

Некои философи и политиколози прават разлика помеѓу природните и законските права.
Природните права (исто така наречени морални права или неоттуѓиви права) се права кои не зависат од законот, обичаите или верувањата на одредено општество или политичко уредување. За разлика од тоа, законските права (понекогаш наречени граѓански права) се права кои се усвоени од одредена политичка заедница, кодифицирани во закони со одредна форма на законодавство и како такви зависат од локалните закони, обичаи или верувања. Затоа, природните права се неопходно универзални, додека законските права се културно и политички релативни.
Релативизирајќи ги границите помеѓу природните и законските права, Џејмс Медисон верува дека некои права како што се право на судење од поротен суд се социјални права кои не потекнуваат од природните права нити пак од позитивното право туку од општествениот договор од кој владата ја изведува нејзината власт. 

Прашањето кои права се природни права, а кои законски е многу важно прашање во филозофијата и политиката. Според критичарите на концептот на природните права единственото право кое постои е законско право, додека противниците препознаваат и природни права. Фокусот на природните права во Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави се изразува во правната философија позната како Декларационизам.
Теоријата на законот за физичките лица се поврзува со теоријата на правата на физичките лица. Во текот на Ерата на Просветителството, законот за физички лица ги предизвикалправата на кралевите и станал алтернативно правосудство за утврдување на општествениот договор, позитивното право и владата – и поради тоа законските права добиле форма накласичен републиканизам. Спротивно на тоа, концептот за правата на физичките лица се користи од некои анархисти за предизвикување на законитоста на таквото управување.
Идејата за човекови права исто така се поврзува со идејата на природните права; некои лица не препознаваат разлика помеѓу овие две поделби и ги разгледуваат двете права како едно, додека други лица не ги мешаат термините за да ја елиминираат повзаноста со некои карактеристики традиционално поврзани со правата на физичките лица. [2] . Правата на физичките лица се над власта на секоја влада или меѓународно тело за да можат да бидат негирани. Универзалната Декларација на Човекови Права е важен законски инструмент кој го негува концептот на правата на физичките лица во меѓународно меко право.
Идејата дека животните имаат права на физички лица е онаа која го поттикна интересот на философите и студентите по правни студии во 21 век, [3] и како такви дури и со концептот на правата на физичките лица за човековите права двата термина не претставуваат синоними.

Документи за законско право

Специфичното редење на законските права според луѓето историски многу се разликуваат од еден век до друг век и од еден режим до друг режим но во денешно време нормално се однесува на уставите на односните држави. Следниве документи играат историски улоги во утврдувањето на некои правила на зак
онските норми околу светот.





  •   Magna Karta (1215; Англија)побарал 
  • од Кралот на Англија да се откаже од некои права и да почитува одредени законски процедури и да прифати војлата на кралот да се заштити со закон.
  • Declaration of Arbroath (1320; Шкотска) го утврди правото на луѓето да изберат глава на држава (види Модерен владетел).
  • The Bill of Rights (1689; Англија) објави дека Англичанец во Парламентот поседува одредени политички и граѓански права.
  • The Claim of Right (1689; Шкотска) е една од главните документи на Шкотскиот уставен закон.
  • Virginia State for Religious freedom (1785 ; Соединетите Држави) напишан од Томас Џеферсон во 1779 година, документот го содржи правото на човекот да формира посебен однос со Господ без мешање од страна на државата.
  • The Declaration of the Rights of Man and of the Citizen (1789; Франција) е една од основните документи на Француската Револуција, која што дефинира група од права на поединци иколективни права на луѓето.
  • The United States Bill of Rights (1789/1791/Соединетите Држави) првите десет амандманни на Уставот на Соединетите Американски Држави е исто така друг многу влијателен документ.
  • The Universal declaration of Human Rights (1948 година) претставува сет од стандарди со кој владата, организациите и индивидуалците го оценуваат нивното оденсува ње еден кон друг. Премабулата објавува дека „препознавањето на наследната гордост и еднаквите и неоттуѓиви права на сите членови на човековата фамилија е основата на слободата,правдата и мирот во светот....
  • The European Convention of Human Rights (1950; Европа) е усвоена под закрила на Советот на Европа за заштита на човековите права и основните слободи.
  • The International Covenant on Civil and Political Rights (1966)е друго дополнување на Универзалната декларација на Човековите Права, што ги опфаќа економските, граѓанските и политичките права.
  • The Canadian Charter of Rights and freedoms (1982?; Канада) е создаден за зашита на правата на Канаѓаните од дејства и политики на сите нивоа на владата.
  • The Charter of Fundamental Rights of the European Union (2000) е еден од најновите законски инструменти кој се однесува на човековите права.

Што е правна норма ?


Под правна норма се подразбира правило за поведение на луѓето пропишан и санкциониран од страна на државата. Секоја правна норма е составена од три елементи:хипотеза, диспозиција и санкција. Хипотеза е оној дел од правната норма во кој се предвидени условите и околностите што треба да се исполнат за да може да се примени диспозицијата на правната норма. диспозиција е оној дел од правната норма во кој е пропишано самота правило на поведение.Овој дел од правната норма е суштествен.Тоа е дел за кој, всушност, постојат другите делови, т.е. хипотеза и санкцијата. санкцијата е оној дел од правната норма во кој се определени последиците, санкциите што би настапиле за субјектот поради непочитување на диспозицијата.


Правната норма како вид општествена норма, претставува дел од нормативниот елемент на правниот поредок.Притоа би рекле дека правната норма претставува правило за поведение на луѓето заштитена со државниот апарат на принуда.Таа е најважниот, основниот елемент на правото кој не може понатаму да се разложува на попрости елементи кои сами за себе би можеле да претставуваат право.Што значи елементите на правна норма сами за себе не претставуваат право туку тие стануваат право при нивно соединување во правна норма.



Извор: Википедија

Составни елементи на правната норма

Кај правната норма разликуваме три елементи (хипотеза, диспозиција и санкција).



Хипотеза

Хипотезата е оној дел од правната норма во кој е содржан описот на фактите, збиднувањата, условите кои доколку настанат ќе може да се изврши главниот елемент на правната норма – диспозицијата. Хипотезата сама по себе не е норма ниту пак има правен карактер.Со неа сеуште немаме правило за поведение, туку само опис на условите за примена на вториот, односно третиот елемент на правната норма.


Диспозиција

Вториот елемент на правната норма е диспозицијата.Зборот диспозиција потекнува од латинското име disposito што значи расположение.Со диспозицијата како дел од правната норма се пропишува правилото за поведението на луѓето во одредени ситуации.За разлика од хипотезата, диспозицијата има нормативен карактер. Диспозициите според нивниот надворешен облик, односно според тоа како се обраќаат на субјектите можат да бидат:наредувачки, забранувачки и овластувачки. Наредувачка диспозиција е онаа со која му се наредува на некој субјект нешто да стори (родителите се должни да ги воспитуваат и издржуваат своите деца). Забранувачки диспозиции се кога на субјектите им се забранува одредено поведение (се забранува убивање, нанесување на штета на друг, измама и слично). Овластувачки диспозиции се оние со кои одредени субјекти се овластуваат на одредено поведение(граѓаните имаат право на молба,жалба итн.).,

Според степенот на одреденост диспозициите можат да се поделат на два вида: апсолутно одредени диспозиции и релативно одредени диспозиции. Апсолутно одредени диспозиции содржат т.н. категорични норми.Тие претставуваат правила за поведение на субјектите чие барање е точно одредено (пример диспозиции со кои се одредуваат рокови). Релативно одредени диспозиции им овозможуваат на субјектите на кои се однесуваат да извршат избор на поведението и одлучувањето со цел да се приспособат на стварната состојба, односно со цел да се приспособат на решавањето на правните односи на соодветмни случаи, независно од нивните посебни обележја.


Санкција

Санкцијата како трет елемент на правната норма настојува да се обезбеди извршување на диспозицијата.Таа е правило за поведение кое е упатено, од една страна, на прекршителот на диспозицијата на правната норма и од друга страна , на државниот орган кој е повикан да примени принуда против прекршителот. Квалитетот и квантитетот на санкциите во правото се соодветни со тежината на прекршокот – деликтот.Доколку општествената опасност на противправното дело (прекршокот) е поголема дотолку и правната санкција е потешка.По правило санкциите имаат имптеративен карактер, а само по исклучок можат да имаат диспозитивен карактер (на пример со т.н. договорна казна во имотното право). Според видот на деликтот санкциите можат да бидат: казнено-правни,управно-правни и дисциплински. Според критериумот на доброто што од нив се одзема се делат на: телесни, материјални и морални. Според степенот на одреденоста на санкцијата разликуваме: апсолутно одредени, релативно одредени и неодредени.

Видови на правни норми

Со оглед на одделни нивни карактеристики правните норми може да се поделат на повеќе видови.Основна и најважна поделба на правните норми е поделбата на општи и поединечни правни норми. Општи правни норми се оние што се упатени на неограничен број субјекти, т.е. оние правни норми што е должен да ги почитува секој субјект кога ќе се најде во условите утврдемни во хипотезата на правната норма.Таква е на пример нормата: Секој е должен да плати данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Поединечни правни норми се оние што се упатени на точно определен субјект, т.е. оние чија диспозиција се однесува на еден субјект.Пример лицето М.Н. се обврзува да плати данок на имот во износ од 10.000 ден. Според содржината правните норми се делат на: императивни и диспозитивни. Императивни правни норми се оние правни норми во кои се дадени правила за поведение, по кои мора да постапи субјектот ако сака да предизвика одреден правен ефект, односно ако сака да избегне примена на соодветна санкција.Таква е на пр. Нормата од Уставот на РМ каде што се вели: Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Диспозитини правни норми, им допуштаат на субјектите и друго поведение од она што е утврдено во диспозитивната норма.Имено, тие можат да го изберат поведението пропишано во диспозитивната правна норма или да изберат друго поведение. Што значи диспозитивните правни норми имаат супсидијарен карактер,т.е. се применуваат ако субјектите не одлучиле друго, односно не предвиделе ништо.