Tuesday, December 17, 2013

Што е правна норма ?


Под правна норма се подразбира правило за поведение на луѓето пропишан и санкциониран од страна на државата. Секоја правна норма е составена од три елементи:хипотеза, диспозиција и санкција. Хипотеза е оној дел од правната норма во кој се предвидени условите и околностите што треба да се исполнат за да може да се примени диспозицијата на правната норма. диспозиција е оној дел од правната норма во кој е пропишано самота правило на поведение.Овој дел од правната норма е суштествен.Тоа е дел за кој, всушност, постојат другите делови, т.е. хипотеза и санкцијата. санкцијата е оној дел од правната норма во кој се определени последиците, санкциите што би настапиле за субјектот поради непочитување на диспозицијата.


Правната норма како вид општествена норма, претставува дел од нормативниот елемент на правниот поредок.Притоа би рекле дека правната норма претставува правило за поведение на луѓето заштитена со државниот апарат на принуда.Таа е најважниот, основниот елемент на правото кој не може понатаму да се разложува на попрости елементи кои сами за себе би можеле да претставуваат право.Што значи елементите на правна норма сами за себе не претставуваат право туку тие стануваат право при нивно соединување во правна норма.



Извор: Википедија

No comments:

Post a Comment