Кај правната норма разликуваме три елементи (хипотеза, диспозиција и санкција).
Хипотеза
Хипотезата е оној дел од правната норма во кој е содржан описот на фактите, збиднувањата, условите кои доколку настанат ќе може да се изврши главниот елемент на правната норма – диспозицијата. Хипотезата сама по себе не е норма ниту пак има правен карактер.Со неа сеуште немаме правило за поведение, туку само опис на условите за примена на вториот, односно третиот елемент на правната норма.
Диспозиција
Вториот елемент на правната норма е диспозицијата.Зборот диспозиција потекнува од латинското име disposito што значи расположение.Со диспозицијата како дел од правната норма се пропишува правилото за поведението на луѓето во одредени ситуации.За разлика од хипотезата, диспозицијата има нормативен карактер. Диспозициите според нивниот надворешен облик, односно според тоа како се обраќаат на субјектите можат да бидат:наредувачки, забранувачки и овластувачки. Наредувачка диспозиција е онаа со која му се наредува на некој субјект нешто да стори (родителите се должни да ги воспитуваат и издржуваат своите деца). Забранувачки диспозиции се кога на субјектите им се забранува одредено поведение (се забранува убивање, нанесување на штета на друг, измама и слично). Овластувачки диспозиции се оние со кои одредени субјекти се овластуваат на одредено поведение(граѓаните имаат право на молба,жалба итн.).,
Според степенот на одреденост диспозициите можат да се поделат на два вида: апсолутно одредени диспозиции и релативно одредени диспозиции. Апсолутно одредени диспозиции содржат т.н. категорични норми.Тие претставуваат правила за поведение на субјектите чие барање е точно одредено (пример диспозиции со кои се одредуваат рокови). Релативно одредени диспозиции им овозможуваат на субјектите на кои се однесуваат да извршат избор на поведението и одлучувањето со цел да се приспособат на стварната состојба, односно со цел да се приспособат на решавањето на правните односи на соодветмни случаи, независно од нивните посебни обележја.
Санкција
Санкцијата како трет елемент на правната норма настојува да се обезбеди извршување на диспозицијата.Таа е правило за поведение кое е упатено, од една страна, на прекршителот на диспозицијата на правната норма и од друга страна , на државниот орган кој е повикан да примени принуда против прекршителот. Квалитетот и квантитетот на санкциите во правото се соодветни со тежината на прекршокот – деликтот.Доколку општествената опасност на противправното дело (прекршокот) е поголема дотолку и правната санкција е потешка.По правило санкциите имаат имптеративен карактер, а само по исклучок можат да имаат диспозитивен карактер (на пример со т.н. договорна казна во имотното право). Според видот на деликтот санкциите можат да бидат: казнено-правни,управно-правни и дисциплински. Според критериумот на доброто што од нив се одзема се делат на: телесни, материјални и морални. Според степенот на одреденоста на санкцијата разликуваме: апсолутно одредени, релативно одредени и неодредени.
No comments:
Post a Comment